Шилегов му реплицира на Мицкоски: Скопје веќе е европски град, со европски и светски стандарди

Првиот човек на скопската администрација, Петре Шилегов, му одговори на шрвиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој денеска го обвини дека набавил противпожарна автомеханичка скала вредна 1,7 милиони евра преку сомнителен тендер.

-Додека ти Христијане ја замараш македонската и скопската јавност со своите лаги и конструкции, ние веќе правиме обука на персоналот и вршиме технички прием на противпожарната скала, новото добро во нашиот град. Прав си. Ти одиш во Будимпешта по инструкции, некој друг по опрема за безбедноста на скопјани, потенцира Шилегов во објавата на Фејсбук.

Во продолжение градоначалникот Шилегов му порача на Мицкоски и дека тој се грижи за безбедноста на граѓаните.

-Можеби малку ти е чудно во твоето црнило, но Скопје веќе е европски град, со европски и светски стандарди, истакнал градоначалникот.

Од друга страна, Мицкоски претходно во своето обраќање напиша: „во деновите што следат ќе откриваме се повеќе сомнежи за сторен криминал на Петре Шилегов и ќе гледаме штабско препелкање во обид да се одбранат…, но крајот се ближи, а со крајот и одговорноста следи“.

 

Претходна вестБројот на починати од вирусот се доближи до 5.000, денес најмладиот е на 36 години
Следна вестПресметка со нож и пиштол во Куманово