Пресметка со нож и пиштол во Куманово

Синоќа на улицата Благој Илиев – Гуне во Куманово се случил инцидент, пришто биле употребени пиштол и нож.

Според информациите од МВР, едно лице било избодено и завршило во болница.

„На 02.05.2021 во 23.25 часот во СВР Куманово, Е.Ј. од Куманово пријавил дека на ул.„Благој Илиев – Гуне“ имало инцидент во кој учествувал и неговиот брат Е.Ј., при што Б.И.(34) од Куманово пукал со оружје. Полициски службеници излегле на местото и по кажување на Ј.Х.(45) од Куманово, во врска со настанот, тој и Б.И. околу 23.00 часот биле на крстосницата од ул.„Благој Илиев – Гуне“ и „Тоде Мендол“ и во тој моментим се доближило едно лице кое со остар предмет го нападнал и му нанел убодна рана на Б.И.. Тој бил пренесен во болницата во Куманово се укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Претходна вестШилегов му реплицира на Мицкоски: Скопје веќе е европски град, со европски и светски стандарди
Следна вестМакедонија од третиот шешир ја чека жрепката за ЕУРО 2022