Темен режим Режим на светлина

Бројот на жртви од вчерашниот руски напад врз Киев се искачи на 26

Денес, утре и задутре примирје меѓу Русија и Украина Денес, утре и задутре примирје меѓу Русија и Украина

Бројот на жртви од вчерашниот руски напад врз Киев се искачи на 26, вклучувајќи три деца, соопшти украинското Министерство за внатрешни работи.

Бројот на жртви е ревидиран откако „спасувачите извлекоа десет тела од под урнатините на станбена зграда во населбата Свјатошински, вклучувајќи го и телото на двегодишно дете, соопшти Министерството во порака на Телеграм.

Ноќта од среда кон четврток, Русија започна масовен комбиниран напад врз украинската престолнина со ракети и дронови. Поради бројот на жртви, во Киев за денеска е прогласен ден на жалост, објавија украинските медиуми.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

ЦУК: Од 13 пожари за 24 часа, 12 се изгаснати, еден под контрола

Следна објава

Мишко Ралев се приклучува во тимот на Орце Ѓорѓиевски за „поубаво Скопје