Бугарите, Германците и Грците најнезадоволни од животот во ЕУ

И покрај пандемијата, кризите и војните, мнозинството граѓани на земјите-членки на Европската унија се задоволни од животот, покажуваат резултатите од најновото истражување објавено од европската статистичка служба Еуростат. Истражувањето беше спроведено во 2022 година и побара од луѓето ширум ЕУ да оценат колку се задоволни од нивниот живот на скала од еден до десет. Жителите на ЕУ го оценија животот во просек со 7,1, додека во 18 од 27 земји на ЕУ квалитетот на живот е оценет просечно или повисок од она во ЕУ, пренесува „Дојче веле“.

Во сите земји освен Бугарија, просечните резултати на квалитетот од животот биле над шест, што значи дека мнозинството луѓе во ЕУ се изјасниле дека се повеќе задоволни отколку незадоволни.

На последните три места се Бугарија (5,6), Германија (6,5) и Грција (6,7).

Според истражувањето, квалитетот на живот кај Германците паднал за 0,8 поени, што претставува најголем пад меѓу сите земји на ЕУ.

Од друга страна, најзадоволна земја е Швајцарија со просечна оценка 8 и покрај тоа што не е членка на ЕУ, но се појавува во студиите на Евростат.

Од членките на ЕУ, најзадоволни се Австрија (7,9), Финска, Полска и Романија (сите со по 7,7), Белгија и Холандија (7,6), додека најголем пораст на задоволството за еден поен е забележан во Кипар, чиј  рејтинг на квалитет од животот  е 7.2.

Зачудувачки е што во сите земји на ЕУ, луѓето со повисоко ниво на образование се позадоволни од животот од оние со пониско ниво, при што разликата е најголема во Словачка (1,6 поени меѓу луѓето без училиште и оние со факултет), Романија и Бугарија (по 1, 5 поени), пренесува Танјуг.

Претходна вестМинистерот Шаќири не се зеза туку работи: Градиме квалитетно образование согласно највисоките стандарди
Следна вестВласта најде начин како да се намали иселувањето од Македонија