Во салата на Филхармонија вечерва ќе гостува Софиската филхармонија, под диригентската палка на маестро Најден Тодоров, кој воедно е и актуелен министер за култура во Владата на Бугарија. На програмата со дела од Вангелис, Ханс Цимер, Енио Мориконе, Дмитри Шостакович и Џон Вилијамс.
Концертот е насловен „Новата класика“, а солист ќе биде обоистот Владимир Лазаревски.
– Софиската филхармонија редовно одржува тематски концерти посветени на киното. За концертот во Скопје, маестро Тодоров избра некои од најголемите ремек-дела на филмската музика од филмовите како „Пиратите од Карибите“, „Мисијата“, „Хари Потер“, „Индијана Џонс“ и „Војна на ѕвездите“, соопштуваат организаторите.
Концертот се организира во соработка со Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје.