Темен режим Режим на светлина

Цеков излегува од владејачкото мнозинство: Ова е нов почеток

Цеков излегува од владејачкото мнозинство: Ова е нов почеток Цеков излегува од владејачкото мнозинство: Ова е нов почеток

Пратеникот Миле Цеков соопшти дека ја напушта партијата ЗНАМ и дека во иднина во Собранието ќе дејствува како независен пратеник, притоа нагласувајќи дека повеќе не е дел од владејачкото мнозинство.

Во своето обраќање, Цеков истакна дека во политиката влегол со цел да придонесе за промени, борба против криминалот и корупцијата, како и за подобрување на системот, но според него, очекуваните резултати не се реализирале.

„Не прифаќам да живееме во држава со корупција, селективна правда и нефункционални институции. Не прифаќам младите да заминуваат, ниту работниците да живеат со најниски плати во регионот“, изјави Цеков, додавајќи дека одлуката ја донел поради состојбите во државата и социјално-економските предизвици.

Тој се осврна и на одредени законски решенија за кои не дал поддршка, посебно во делот на минералните суровини, нагласувајќи дека се противи на отворање нови рудници и концесии.

Цеков посочи дека останува посветен на европската перспектива на државата, но со јасна заштита на националниот идентитет, јазикот и културата, нагласувајќи дека тие не се предмет на преговори.

Во своето обраќање ги наведе и активностите во изминатиот период, меѓу кои иницијативи за поддршка на земјоделците, заштита на животната средина, инфраструктурни проекти и мерки за подобрување на животниот стандард.

„Не можам да бидам дел од власт и партија што не ги дели вредностите во кои верувам“, порача Цеков, додавајќи дека неговото повлекување од партијата претставува нов почеток и борба за правда и одговорност.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Со електрошокер ја нападнал поранешната девојка и нејзиното сегашно момче, му помагале уште двајца другари од Скопје

Кривична пријава против полициски службеник, возел под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода

Следна објава
Полицијата ќе поднесе пријава: Син осомничен за напад со нож врз татко си

Инцидент пред училиште: Тројца повредени, пронајдени нож и шрафцигер