Четири лица искасани од кучиња: три во Скопје, едно во Тетово

Три лица се искасани од кучиња скитници во Скопје, додека една пријава се однесува на Тетово.

– Вчера во 16.35 часот во Полициската станица Центар, Т.Г.(26) од Струга пријавила дека на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје била касната од куче скитник. Истиот ден околу 18.50 часот во Полициската станица Гази Баба, Н.М.(67) од Скопје пријавил дека на ул.„Трифун Хаџијанев“ во Скопје бил каснат од куче скитник. Во 09.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, О.С.(69) од Скопје пријавила дека на ул.„Ѓорче Петров“ била касната од куче скитник. Во 15.55 часот во Полициската станица Тетово, Б.Ш.(22) од с.Глоѓи, тетовско, пријавил дека во с.Џепчиште, тетовско, била каснат од куче скитник, велат од МВР.

Претходна вестТешка несреќа на патот Гостивар – Кичево
Следна вестМасакр пред трговски центар во Тексас: 8 лица загинати, 7 ранети