Четири лица се повредени во сообраќајка што се случила на автопатот Скопје – Куманово, информира полицијата.
МВР соопшти дека на 30.03.2024 во 14:35 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на автопатот Скопје-Куманово во близина на пешачкиот надвозник Маџари во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки управувано од И.Т.(41) од Скопје и патничко возило „Митсубиши“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(39) од Скопје.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот И.Т., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобиле В.П. и уште двајца нејзини малолетни сопатници, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, се наведува во информацијата.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.