ЦСКА Москва му даде отказ на Емил Рајковиќ

Македонскиот кошаркарски тренер Емил Рајковиќ повеќе не е предводник на ЦСКА Москва. Рускиот клуб потврди дека е прекината соработката со стручњакот и веќе е промовирана неговата замена.

Рајковиќ ја предводеше ЦСКА од летото 2022 година, минатата сезона беше победник по регуларниот дел од сезоната со рекорден број на победи (имаше вкупно 30, а рекордни 24 во низа). Во објавата на рускиот клуб е пренесен и ставот на македонскиот стратег, кој кажа:

„Би сакал да се заблагодарам на ЦСКА и претседателот Андреј Ватутин за конструктивната соработка и довербата која ми ја дадоа, како и шансата да го водам еден од најпознатите европски клубови во Европа. Во изминатите две години имавме многу победи и убави моменти. Сакам да се заблагодарам на мојот стручен штаб, играчите, но и навивачите на ЦСКА кои секогаш нè поддржуваа. Искрено се надевам дека тренерската промена ќе ја даде потребната искра за да го крене тимот“.

Наследникот на Рајковиќ ќе му биде грчкиот тренер Андреас Пистиолис, кој ќе биде решение на ЦСКА до крајот на сезоната.

Претходна вестЗемјотрес ја погоди Грција
Следна вестЈакимовски: Кога ја нема Југославија, гарант за постоењето на Македонија се САД