ЦУК: Итно да се отстрани напукнато и искривено дрво во паркот „Жена – борец“

Барање за итно остранување на напуканто и искривено дрво во цеnтралниот скопски парк „Жена – борец“ упатил Центар за управување со кризи. Интервенција е побарана од скопското ЈП „Паркови и зеленило“ откако за опасноста до ЦУК алармирале граѓани. Граѓанит еукажале дека дрвото треба да се отстрани бидејќи има опасност од паѓање бидејќи е исушено, со напукнат корен и навалено.

-ЦУК ја следи ситуацијата за решавање на случајот преку Секторот за операции и координации и Регионалниот ЦУК Скопје, од каде што преку постојано дежурните оперативци и се решаваат ваквите и слични случаи според стандардните оперативни процедури, како и за секој пријавен случај или итна ситуација што не е во доменот на Полицијата, Противпожарната служба и Итната медицинска помош, се наведува во соопштението.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Власта на СДС и ДУИ дозволи да владее нарко-мафијата
Следна вестУниверзитетот Оксфорд забрани секс меѓу професори и студенти