Темен режим Режим на светлина

ВМРО-ДПМНЕ: Власта на СДС и ДУИ дозволи да владее нарко-мафијата

ВМРО-ДПМНЕ започнува внатрепартиски промени во раководството ВМРО-ДПМНЕ започнува внатрепартиски промени во раководството

Власта на СДС и ДУИ дозволи нарко мафијата да владее по улиците. Структури во полицијата на Спасовски стана нивен заштитник, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Според нив акциите беа пробивани, а лицата кои евентуално беа откривани беа експресно ослободувани.

– Последица на ваквиот раст на криминалот се убиствата како ова кое се случи завчера. Ваквите гангстерски пресметки на кланови станаа секојдневие.
Безбедноста на граѓаните е доведена во прашање. Во држава во која мафијата е во коалиција со власта животот на секој човек е загрозен. Што уште треба да се случи Оливер Спасовски да си поднесе оставка? Неговите статистички гимнастики веќе не му поминуваат ниту во штабовите на СДС. Едноставно е, ако полицијата не гони криминалци, на хартија криминалитетот ќе опаѓа, а во реалноста бандите ќе владеат со државата. Беззаконието од времето на транзицијата се врати на голема врата, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата прашуваат каква политичка или лична корист имаат функционерите од власта кои тоа го дозволуваат.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Притвор за двајца тетовци, кај нив пронајдена дрога

Следна објава

ЦУК: Итно да се отстрани напукнато и искривено дрво во паркот „Жена – борец“