Притвор за двајца тетовци, кај нив пронајдена дрога

Двајца тетовци се притворени бидејќи кај нив била пронајдена марихуана. Според информациите добиени од СВР Тетово, судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово на Д.М.(27) и Л.М(21), двајцата од Тетово, им определил мерка притвор од 30 дена и тие се спроведени во КПУ Затвор “Скопје”.

СВР Тетово соопшти дека Д.М. во понеделникот навечер на 6 март бил лишен од слобода и му била пронајдена и одземена марихуана.

-Во вторник 7 март околу 12 часот и 30 минути лишен од слобода беше и Л.М. кој во понеделникот бил со Д.М., соопшти СВР Тетово.

Двајцата се товарат за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Претходна вестСДСМ: Владеачката коалиција во Град Скопје против проектот за Универзална сала
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Власта на СДС и ДУИ дозволи да владее нарко-мафијата