СДСМ: Владеачката коалиција во Град Скопје против проектот за Универзална сала

Коалицијата Арсовска-ДПМНЕ-Левица застана против проектот за реконструкција на Универзалната сала, каде работите стојат во место повеќе од една година, откако градоначалничката реши да не го продолжи овој проект, обвини СДСМ.

Од оваа партија наведуваат дека тие не ја ставија на дневен ред на Советот на Град Скопје иницијативата на советничката група на СДСМ за времено отстапување на Универзална сала од Град Скопје на Владата на Република Северна Македонија, која е подготвена да ја заврши реконструкцијата.

-За реконструкцијата се обезбедени средства во износ од 120 милиони денари од Владата, од кои искористени се само околу 40 милиони, што значи дека за овој проект на располагање се уште 80 милиони денари. Владеачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ – Левица во град Скопје и Арсовска, и покрај обезбедните средства, ја оставија Универзалната сала да пропаѓа, нагласуваат од СДСМ.

Партијата додава дека ако веќе Арсовска не сака и не може да ја доврши реконструкцијата на симболот на Скопје, Владата која е и финансиер на овој проект, има и волја и можност тоа да го стори.

 

Претходна вестЖените на осмомартовски марш: Дискриминирани сме, немаме ниту еднакви права ниту еднакви можности
Следна вестПритвор за двајца тетовци, кај нив пронајдена дрога