ЦУК: Поплавени 80 простори, 40 паднати дрвја, 20 оштетени возила и поплавени улици, 15 паднати покриви….

Вкупно 180 пријави за проблеми од вчерашното големо невреме што го зафати Скопје добил Центар за управување со кризи. Граѓаните на телефонскиот број 195 и преку бројот за итни повици 112 ги пријавуваа последиците од интензивните врнежи по градот при што најмногу пријави биле добиени за поплавени простории и за паднати дрва.

-Беа примени околу 180 пријави. Од нив, за поплавени простории од објекти – 80, за паднати дрва – 40, за оштетени возила и поплавени улици и подвозници – по 20, оштетени кровни конструкции – 15, скинати проводници, навалени бандери и други проблеми со струја – пет, се наведува во соопштението.

Како што информираат од Центарот за управување со кризи – ЦУК, сите овие пријави и проблеми за нивно решавање редоследно по приоритет биле проследени до: Бригадата за противпожарна заштита БППЗ, Градот Скопје, општините и јавните претпријатија во Градот.

БППЗ на Град Скопје после невремето со нивни екипи интервенирале во десетина случаи за испумпување на навлезена вода од објекти и критичните места.

– На скопските сообраќајници од ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека вечерта и ноќта со цистерни и вакум цистерни работеа на исцрпување на насобраната вода и на одзатнување на атмосферската канализација  на критичните места (подвозници и главни сообраќајници) и исто така по пријави на граѓани на уште 40-тина други места. Утрово состојбата е нормализирана, наведуваат од ЦУК.

Оттаму додаваат дека од ЕВН известуваат дека дефектите во страна, дефектите во електро системот настанати од атмосферските празнења и силниот ветер во повеќе реони од градот и околината во текот на ноќта се отстранети освен кон селата Дворце и Радуша во Општината Сарај каде жителите се уште се без електрична енергија.

– Според известувањето од Сообраќајната полиција како и ЈСП Скопје од околу полноќ состојбата на сите сообраќајници е нормализирана и утрово сообраќајот и јавниот градски превоз се одвивива нормално, посочуваат од ЦУК.

Претходна вестГи видоа ли надлежните? Дождот пак ги покажа скопските подвозници кои се за поправка
Следна вест132 санкционирани возачи во Скопје, возеле пребрзо, поминувале на црвено…