ЦУК Скопје: Внимавајте, расфрлан е отров во Тафталиџе, тоа е многу опасно за мали деца

Од Регионалниот ЦУК Скопје информираат дека низ скопската населба Тафталиџе расфрлана е отровна материја од којашто започнале да изумираат бездомните животни. Тоа е како што велат многу опасно за мали деца кои можат случајно да дојдат во допир или да земат од таа затруена материја.

– Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека од Единствениот број за итни случаи Е-112 добиле информација дека на крстосницата на ул. „Варшавска“ со Бул. „8ми Септември“, околу комплексот на згради, имало расфрлана отровна материја од којашто започнале да изумираат бездомните животни.

– Тоа е многу опасно за мали деца кои можат случајно да дојдат во допир или да земат од таа затруена материја. Од ЦУК, конкретно преку Регионалниот ЦУК Скопје пријавата е доставена Општина Карпош и до ЈП „Лајка“, за нивно понатамошно постапување, а истовремено ја информирале и Полициската станица „Карпош“ од каде што повратно известиле дека веднаш испратиле екипа на терен за увид, соопштија од ЦУК.

Претходна вестЗамрзнатите цени на овошје и зеленчук ќе важат и во декември
Следна вестВе молиме почекајте, Владата многу брза да ги скрати огромните функционерски плати