„Дедо и внук“ е прогласен за најдобар странски филм на „Independent Film Awards“

„Дедо и внук“, македонскиот филм на режисерот Илија Пиперкоски, ја доби првата награда за најдобар странски филм на престижниот „Independent Film Awards“ во Лондон.

Режисерот Пиперкоски е автор и на сценариото за филмот, а тематиката се проблемите со здравството, политиката, корупцијата, но и обични човечки приказни и односи момче-девојка, татко-син и дедо-внук.

Во филмот играат: Салаетин Билал, Дејан Лилиќ, Даниела Ивановска, Горан Стојаноски, Благој Веселинов… Продуцент е Огнен Антов од „Дрим фактори“, во соработка со „Пандорас бокс продукција“ и „Елиен филм“ од Романија.

Претходна вестДа донесевте вакцини како што експресно сакате да „бришете“ споменици…
Следна вестПроменливо облачно со засилен северен ветер