Да донесевте вакцини како што експресно сакате да „бришете“ споменици…

Дали ќе се урива „Порта Македонија“? Локалните власти не демантираат дека тоа ќе се случи откако Министерството за култура ја тргна заштитата на овој споменик. Од општина Центар велат во овој момент таква одлука нема, и објаснуваат:

-Со тргањето на заштитата значи дека објектот нема никакво уметничко значење. Со тоа се создава можност за уривање, но планот не го дефинира тоа, туку со него нема да се дадат услови за развој на објектот, тој само ќе биде евидентиран како постојна состојба и нема да има никаква градежна парцела. Доколку се реши тој да се урне, во наредниот план нема воопшто да постои, објаснуваат од Секторот за урбанизам во Општина Центар.

И скопскиот градоначалник Петре Шилегов не е прецизен, ама и не демантира:

-Тој објект е силување на нашиот град, но дефинитивно не е споменик на културата. Вие заштитувате споменици на култура и објекти од посебно архитектонско значење и им давате статус на заштитени, а овој објект дефинитивно не е таков. Со ова се отвора вратата да ја вратиме нормалноста во урбанизмот, вели Шилегов.

Голем дел од скопјани се револтирани. Некои низ шега ја доловуваат одлуката на министерството, но другите се револтирани

-Вака да набавевте вакцини како што експресно решавате за уривање на споменици од „Скопје 2014“, немаше да имаме ниеден болен веќе! Срамота!
-Шилегов, кој ќе го снима уривањето?! Сопругот на Мила Царовска на кој му дадовте 1 милион денари за да снима со дрон?!
-Уривањето може само да ви биде ваш обид да го тргнете срамот од нереализираните капитални проекти, па си мислите дека со уривање наместо градење ќе добиете гласови…Многу се лажете!

Претходна вестВо рамки на истрагата за „Плацеви на Водно“: Претрес во неколку стана на Груевски
Следна вест„Дедо и внук“ е прогласен за најдобар странски филм на „Independent Film Awards“