Во рамки на истрагата за „Плацеви на Водно“: Претрес во неколку стана на Груевски

По барање на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска е извршен претрес во повеќе објекти во рамки на истражните дејствија во предметот во јавноста познат како „Плацеви на Водно“.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција освен неколку реченици, не соопшти ништо друго во врска со претресите.

Но, повеќе медиуми, повикувајќи се на извори во истрагата, објавија дека се работи за станови кои се на поранешниот премиер Никола Груевски, кој е главен осомничен во овој случај.

Покрај него, осомничени се и Ристо Новачевски, Сашо Мијалков, Јордан Камчев, мајка му Ратка Камчева и Ненад Јосифовиќ.

Токму поради оваа истрага, во притвор е бизнисменот Јордан Камчев, кој е осомничен за кривичното дело перење пари.

Претходна вестВакцините се потрошија, а нови нема – кога ќе дојдат, никој не знае
Следна вестДа донесевте вакцини како што експресно сакате да „бришете“ споменици…