Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Повремениот чувар на мрежата на македонската фудбалска репрезентација Дејан Илиев ќе ја продолжи кариерата во најтрофејниот фински клуб ХЈК.

Клубот од Хелсинки објави денеска дека со 27-годишниот Илиев е потпишан договор на една година со можност за продолжување на соработка за уште година.

Илиев се сели во финското првенство откако измината година беше голман на словачкиот прволигаш Тренчин.

Во тинејџерските години потпиша за лондонски Арсенал и за петте години како член на премиерлигашот беше позајмуван во неколку англиски и европски екипи.

Во ХЈК ќе го носи дресот со бројот 25, а негов конкурент на голманската позиција ќе биде 22-годишниот поранешен фински младински репрезентативец Јесе Ост.

Претходна вестДетонација пред казино во Кисела Вода
Следна вестMaлолетничка натепана во автобус на ЈСП