Делови од Автокоманда, Железара и Качански пат денеска без вода

Прекин на водоснабдувањето изутрина од 09:30 часот имаат дел од корисниците од улиците „16 Македонска Бригада“, „Ташко Караџа“, „Јани Лукровски“, населба Железара и висока зона од овие улици.

Без вода во истиот период ќе бидат и дел од корисниците од Качански пат.

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информира дека прекин на водоснабдувањето ќе има поради уличен дефект ф-150 мм на улица „16 Македонска Бригада“, додека корисниците од Качански пат ќе имаа прекин на водоснабдувањето поради водоводен приклучок ф-200 мм на улицата „Качански пат“ број 142.

Претходна вестЧудото на источна Македонија: Автопат завршува во „уличка“ полна дупки, преправки-поправки…
Следна вестВчера само во Скопје 206 сообраќајни казни, најмногу за брзо возење