Вчера само во Скопје 206 сообраќајни казни, најмногу за брзо возење

Полицијата вчера казни 206 возачи во Скопје, од кои 46 за брзо возење, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Дваесет казни се за возачи на мотоцикли, 15 за возење без возачка дозвола, а има и 10 санкции за користење мобилен телефон, осум за возење под дејство на алкохол, пет за возач почетник, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила, 28 санкции за непрописно паркирање.

Од МВР најавуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.

Претходна вестДелови од Автокоманда, Железара и Качански пат денеска без вода
Следна вестШеесет годишен маж сексуално се задоволувал пред деца – му се заканува притвор и 4 години затвор