Во големата сала на Врховниот суд денеска ќе биде објавена пресудата на Бојан Јовановски – Боки 13 и на поранешната шефица на СЈО Катица Јанева, обвинети во случајот „Рекет”. До изрекувањето на пресудата доаѓа по шестмесечното судење во Основниот Кривичен суд во текот на кое обвинителството и одбраната ги изнесоа своите докази.
Во обвинителниот акт од Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција, се вели дека обвинетиот Бојан Јовановски, влијаел врз обвинетата Катица Јанева, за таа да донесе поблаги мерки против Јордан Камчев, обвинет во предметот „Империја”, случај кој го почна поранешното Специјално јавно обвинителство. Јовановски и Јанева во своите завршни зборови пред судот негираа вина и рекоа дека не го сториле делото за кое се товарат. Обвинителството, според нив, не изнело докази за делото за кое ги товари и дека целото обвинение е врз основа на исказ на еден сведок – кој е оштетен вослучајот. Целиот случај за Јовановски е политичка конструкција, додека за Јанева е клевета.
-Сметам дека сум невина и не сум го сторила делото и се срамам што сум дел одобвинение за кое се покажа дека е клевета, затоа што не постојат никакви докази за делото, изјави Јанева, во завршниот збор. Обвинението беше поднесено против три лица. На првото рочиште за овој случај обвинетитот Зоран Милевски-Кичеец ја прифати вината и на следното рочиште беше осуден на три години затвор.