Темно Режим Светло Режим

Денеска премиера на две композиции на нашата Дарија Андовска во Минхен

Со две музички творби базирани на македонските народни песни „Со маки сум се родил јас“ и „Си заљубив едно моме“, денеска ќе биде претставено творештвото на композиторката Дарија Андовска во рамки на серијата концерти #BSOmondayConcerts, кои ги организира државната опера во Минхен.

Композициите се напишани по нарачка на минхенската опера и бас-баритонот Милан Силјанов, кому и композиторката Андовска ги посветила.

Десеттиот од серијата понеделнички концерти на Bayerische Staatsoper, кои се емитуваат со онлајн пренос во живо, е со наслов „Звуци од татковината“.

Advertisement

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Како миењето улици пред избори станува ударна вест?

Следниот Пост

Малку сонце, малку облаци, малку дожд