„Налепница“ залепи награда на фестивалот во Бруклин

Најдобар краток филм е наградата што ја доби филмот „Налепница“, по сценарио и во режија на Георги М. Унковски, на Филмскиот фестивал во Бруклин.

-Филмот е микс на еден вид потрага по среќата и искупувањето, но е и еден вид социјален коментар на општеството. Конечно, тој зборува за љубовта помеѓу татко и ќерка, вели режисерот Унковски.

„ Налепница“ го продуцира „Синема футура“, а се снимаше шест дена на повеќе локации во Скопје. Главната улога ја игра актерот Сашко Коцев, а во екипата се и Мони Дамевски, Џевдет Јашари, Љупчо Тодоровски-Упа, Соња Стамболџиоска, Димитрија Доксевски, Калина Димитриовска, Анастасија Аневска и Матеј Настевски.

Ова не е прва награда за „Налепница“, освои и во Словачка, а во меѓувреме ќе биде прикажан на претстојното издание на фестивалот за кратки филмови „Интерна Бонал“ во Палм Спрингс.

Претходна вестПоследен ден од учебната година „пуштена низ вода“ без стратегија и анализи
Следна вестШто ако прекршителите на самоизолацијата немаат пари да го платат државен карантин?