„Парадоксикон“ – приказна за отуѓувањето, егоизмот, профитерството

Излезе најновото книжевно остварување на Томислав Османли. Станува збор за збирката раскази и новели, насловена „Парадоксикон“, а во поднасловот е даден дополнителен опис за содржината: „фантазии, очудувања, каприча, фарси и гротески, парадокси во проза“.

Според писателот и издавач Глигор Стојковски „Парадоксикон“ ги открива гротескните и фантастични суштини на современото секојдневие соголувајќи ги актуелните начини на отуѓување. Тој живописно, комично и едновремено горчливо говори за деперсонализацијата, егоизмот, сексизмот, меркантилноста, профитерството, социопатијата, консумеризмот…поконкретно – за парцијализираното, некомплетно, осиромашено, на пати и крајно извитоперено, тажно „човекување“ на индивидуата во современото пред сѐ наше, но и универзално општество.

Главните ликови во книгата се осамени личности препуштени на нивните судбини, но и стресни ситуации на современата општествена стварност кај нас.

Претходна вестВториот бран не стивнува: 9 пациенти починале, 162 новозаразени лица
Следна вестНалет субвенции, скопјани бараат повратокот на пари за инвертори да се прави електронски