Конкурсот за најдобар необјавен роман трае до понеделник

До понеделник ќе трае вториот конкурс за книжевната награда „ПЕГАЗ“, која се однесува за најдобар необјавен роман за 2020 година. За наградата можат да конкурираат сите необјавени романи (ракописи) наменети за возрасни или за деца. Романите треба да бидат предложени од самите автори-кандидати за наградата, кои треба да ги достават своите ракописи во електронска форма (во ворд или во пдф-формат), на следната е-адреса: [email protected]. КОнкурсот е распишан од издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.

Минатата година за победник беше избран романот „Насон прочитана книга“ од авторката Соња Манџук, кој беше објавен и промовиран на посебна свеченост. Ракописите што беа позитивно оценети, и исто така добија можност од „Арс Ламина“ да бидат објавени, на пример романот „Курвински хроники“ од Александар Русјаков.

Наградата „ПЕГАЗ“ се состои од паричен износ од 90.000 денари и објавување на романот во посебна едиција. Добитникот на наградата ќе биде соопштен најдоцна до 30 септември 2020 година.

Претходна вестЗа едни општините мајки, за други маќеи: само две ги ослободија родителите од плаќање градинка
Следна вестДали покрај корона кризата сега Македонија ќе страда и од политичка криза?