Десетици километри од река прекриени со милиони мртви риби

Владата на Нов Јужен Велс во петокот соопштила дека милиони риби угинале во реката Дарлинг во близина на градот Мениди во Австралија. Станува збор за трет таков масовен помор на риби на тоа подрачје од 2018-та година.

Голема еколошка катастрофа ја погоди реката во австралиски Нов Јужен Велс, по чија површина пловат милиони мртви риби. Истовремено, тој дел од Австралија е зафатен и од топлински бран.

На социјалните мрежи се објавени видеоснимки од помор на риби, а чамците всушност не пловат на површината, туку се пробиваат преку непрегледните количини на мртви риби.

Владата на Нов Јужен Велс во петокот соопштила дека милиони риби угинале во реката Дарлинг во близина на градот Мениди, кое се наоѓа на околу 12 часови возење од Сиднеј. Станува збор за трет таков масовен помор на риби на тоа подрачје од 2018-та година.

Навистина е ужасно, има мртви риби до каде што ви фаќа погледот. Тоа е невозможно да се сфати. Влијанието на околината е несогледливо, рекол за „AFP“ Греам МекКраб, жител на Мениди.

Популацијата на харинги и шарани пораснала во реката по неодамнешните поплави, според податоците на локалните власти, но сега изумираат во големи броеви додека водата од поплавите се повлекува.

Тие помори на риби се поврзани со ниските нивоа на кислород во водата. Моменталното топло време во регионот исто така ја влошува ситуацијата, бидејќи топлата вода содржи помалку кислород од студената вода, а рибите имаат поголема потреба за кислород на повисоки температури.

Претходниот помор на риби во Мениди е припишан на недостигот на вода во реката поради долготрајните суши и отровното цутење на алгите кое се протегало на 40 километри во реката Дарлинг. Локалните власти уште во 2019-та година предупредувале дека ќе има уште такви помори.

Портпаролот на државната управа за риболов, Камерон Леј, изјавил дека погледот на реката со мртви риби го остава набљудувачот шокиран.

Градот Мениди има популација од околу 500 луѓе, а последните години е опустошен од суши и поплави.

Претходна вестГрадилиште предизвика пропаѓање на дел од улицата „9 Мај“ зад Универзална сала, граѓаните стравуваат за домовите
Следна вестГордана Јанкуловска е дискриминирана во затворот „Идризово“