Градилиште предизвика пропаѓање на дел од улицата „9 Мај“ зад Универзална сала, граѓаните стравуваат за домовите

Градилиштето на станбен објект кој што се прави зад скопската Универзална сала предизвика пропаѓање на дел од улицата „9 Мај“ на којашто се наоѓа. Пропаднат е делот на улицата којшто е ограден со лимена ограда која служи за обезбедување на градилиштето. Станарите коишто живеат во зградите блиску до градилиштето се чувствуваат несигурно и стравуваат за безбедноста на нивните домови.

-Не знаеме дали уривањето на улицата ќе продолжи. Ние не сме далеку од големата дупка и пропаѓањето на земјата може да продолжи ако не се преземе нешто тоа да запре, изјавуваат денеска жителите на оваа скопска улица.

На уривањето на улицата му претходеше проблемот којшто општина Центар го има со градителот на овој објект фирмата „Бинјапи инжинериг“.

Необезбеден објект беше причина што органите на Центар на градителот на 3 март веќе еднаш му изрекле забрана за вршење градежни работи.

-Инспекцијата утврди дека инвеститорот постапувал спротивно од издаденото одобрение за градење и ја искинал жолтата лента со која утринава градежен инспектор на Општина Центар му го затворил градилиштето. Мора да сфатиме дека во оваа држава постојат закони и тие важат за сите, изјави тогаш градоначалникот Горан Герасимовски.

Во соопштението беше наведено дека инвеститорот „Бинјапи Инжинеринг“ има одобрение за градење и градежен проект за заштита на градежна јама, за обезбедување на соседните парцели. Со тоа инвеститорот е обврзан да постави армирано бетонски колови, тн. шипови, за обезебедување на јамата, кои тој не ги извел и со тоа постапил спротивно одобрението за градење.

Но, ушт еистиот ден инвеститорот попладнето сам си ја отстранил заштитната инспекциска лентаи продолжил со градење. По вториот извршен увид, градежен инспектор на инвеститорот му одреди рок за да го врати градилиштето во првобитна состојба и да продолжи да гради согласно издадената техничка документација. Но и по ова градителот повторно гради без да ги почитува условите за градба.

Претходна вестРивалска банка ја купи „Кредит свис“ за да спречи колапс на глобалното банкарство
Следна вестДесетици километри од река прекриени со милиони мртви риби