Ривалска банка ја купи „Кредит свис“ за да спречи колапс на глобалното банкарство

Банката „Ју-Би-Ес“ (УБС) ја купува ривалската швајцарска банка „Кредит свис“, за 3 милијарди швајцарски франци (3,035 милијарди евра), во обид да се избегнат понатамошни превирања на пазарот во глобалното банкарство. Швајцарската централна банка ќе обезбеди значителна ликвидност на споената банка, соопштија на прес-конференција во Берн, а пренесуваат швајцарските медиуми.

Договорот е решение за обезбедување финансиска стабилност и заштита на швајцарската економија во исклучителна ситуација. Како една од 30-те глобални банки кои се сметаат за системски важни, договорот за „Кредит свис“ може да ги разбранува глобалните финансиски пазари.

Најмалку две големи банки во Европа ги испитуваат сценаријата за евентуално ширење на „заразата“ во банкарскиот сектор во регионот и бараат од Федералните резерви и Европската централна банка да пристапат со посилни сигнали за поддршка.

Преговорите викендов следат по напорите во Европа и САД да го поддржат секторот по падот на американските банки„Силикон вели банк“ и „Сигничер банк“.

Претходна вестПронајдени 10 мигранти кај клучката Градско, приведен 21 годишен криумчар
Следна вестГрадилиште предизвика пропаѓање на дел од улицата „9 Мај“ зад Универзална сала, граѓаните стравуваат за домовите