Пронајдени 10 мигранти кај клучката Градско, приведен 21 годишен криумчар

Полициски службеници од СВР Велес, денес го лишиле од слобода дваесет и едно годишниот скопјанец Р.М. кој управувал со возило со бугарски регистарски таблици во кое биле пронајдени 10 мигранти од Сирија и Конго. Криумчарот не застанал на даден знак за сопирање од страна на полицијата на автопатот Неготино – Велес, по што бил запрен и приведен кај клучката Градско.

– На крстосницата кај с.Водоврати, општина Градско, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Р.М. од Скопје, затоа што во возило со бугарски национални ознаки превезувал 10 лица мигранти, шест од Сирија и четири од Конго. Тој околу 08 часот утринава на автопатот Неготино – Велес Р.М. не застанал на даден знак за сопирање од полициски службеници, но набргу, кај клучка Градско, возилото било забележано како се упатува по регионалниот пат, по што на крстосницата кај с.Водоврати било запрено, а лицето приведено, се вели во известувањето од полицијата.

Р.М. бил задржано во полициска станица, а мигрантите бил спроведени во прифатно-транзитен центар. За случајот бил известен Јавен обвинител и по неговото документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестОдобриле научен труд за опасноста од вештачката интелигенција напишан од вештачка интелигенција
Следна вестРивалска банка ја купи „Кредит свис“ за да спречи колапс на глобалното банкарство