Путин и Си најавија нов грандиозен гасовод и трговска размена од над 200 милијарди долари

Заврши тридневната средба на лидерите на Кина и Русија. Целиот свет чекаше да види што тие се договараат. Од она што досега е познато економијата била главна тема на средбата помеѓу Кинескиот претседател Си Џинпинг и рускиот Владимир Путин.

Рускиот претседател истакна дека употребата на јуанот ќе биде се поприсутна во трговската размена меѓу Русија и земјите во Азија, Африка и Латинска Америка. Тоа е удар за американскиот долар. Беше нагласено и дека ќе има изградба на нов гасовод меќу двете земји, но и развој на новиот „Северен морски пат“.

Путин и Си се договорија да започнат со изградба на гигантскиот гасовод „Моќта на Сибир 2“, кој ќе ги поврзува сибирските гасни полиња преку Монголија со северозападна Кина.

– Кога ќе биде пуштена во употреба, преку овој гасовод долг 2.600 километри ќе поминат 50 милијарди кубни метри гас, соопшти Путин.

Проектот е симбол на очекуваната економска свртена на Москва кон Азија во услови на меѓународни санкции кои ги затворија профитабилните западни пазари. Вчера рускиот гасен гигант „Газпром“ објави дека претходниот ден го соборил рекордот во дневните испораки на Кина преку овој гасовод.

Путин рече дека очекува трговската размена да надмине 200 милијарди долари во 2023 година, што ќе биде нов рекорд.

Освен еконимија се зборувало и за Украина. Русија го поздравила мировниот план на Кина и ги обвини Киев и Западот за негово отфрлање.

– Веруваме дека многу точки од мировниот план предложени од Кина се во хармонија со руските ставови и може да се земат како основа за мирно решение кога Западот и Киев се подготвени за тоа. Сепак, досега не види таква подготвеност од нивна страна, рече Путин.

Двајцата лидери го обвинија Вашингтон дека ја „поткопува“ меѓународната безбедност за да ја задржи својата „воена предност“.

Претходна вестШтипскиот градоначалник добивал закани, синоќа му се исечени и гумите на службеното возило
Следна вестСтари и лица со попреченост од Кисела Вода ќе може да закажуваат бесплатен транспорт