Темен режим Режим на светлина

На денешен ден почна НАТО бомбардирањето на СРЈ, загинаа над 1.200 цивили, Македонија прифати 360.000 бегалци од Косово

На денешен ден во 1999 година почнаа да летаат крстосувачки ракети на НАТО кон Србија и Црна Гора. Сирените за опасност се слушаа дури 78 дена.

Вкупниот број на жртвите никогаш не е утврден. Се проценува дека во текот на 11 недели загинаа меѓу 1.200 и 2.500 луѓе, од кои 89 деца, додека вкупната материјална штета е проценета на повеќе десетици милијарди долари, пренесува Макфакс.

Нападот врз Србија, односно СРЈ, беше извршен без одобрение на Советот за безбедност на Обединетите нации, што беше преседан. Наредбата на тогашниот командант на сојузничките сили, американскиот генерал Весли Кларк, му ја издаде генералниот секретар на НАТО Хавиер Солана.

Кларк подоцна, во книгата „Модерно војување“, напиша дека планирањето на воздушната операција на НАТО против СРЈ „кон средината на јуни 1998 веќе на големо била во тек“ и дека завршило кон крајот на август таа година.

Откако српското собрание потврди дека не ја прифаќа одлуката за странски трупи на својата територија и предложи сили на Обединетите нации да го надгледуваат мировното решение на конфликтот на Косово, НАТО на 24 март 1999 во 19:45 ги почна воздушните напади.

Во тој период во Македонија дојдоа и беа прифатени и сместени дури 360.000 бегалци од Косово.

Бомбардирањето заврши на 10 јуни 1999 година со усвојување на Резолуцијата 1244 за Косово на Советот за безбедност на Обединетите нации.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Еко-патрола на „Комунална хигиена“ фати 48 лица кои трупале отпад по населбите

Следна објава

400 евра за загубен гем, 3.000 за пораз, 181 тенисер под истрага за местење натпревари