Мегаштрајк во Германија, над 100.000 државни службеници ќе штрајкуваат во Британија

Во поголемиот број од европски земји се штрајкува или пак има штрајк во најава. По мегаштрајкот во Германија, најавен штрајк има и во Велика Британија. Поточно повеќе од 100.000 британски државни и јавни службеници ќе се приклучат на нов генерален штрајк на 28 април, со барања од владата за повисоки плати и пензии, услови за отпушања и сигурност на работата, објави Синдикатот на јавни и комерцијални служби (ПЦС ).

Како што јави Би-Би-Си, синдикатот ПЦС соопшти дека неговите членови гласале за преземање акција за зголемување на притисокот врз владата и дека „не се откажуваат“.

– Министрите треба да го решат спорот со ставање пари на маса. Знаеме дека штрајковите веќе предизвикаа сериозни нарушувања. Новите прекини на работата и уште еден национален ден на акција ќе го зголемат притисокот врз владата која одбива да слуша, рече генералниот секретар на ПЦС, Марк Сервотка.

Британската Влада претходно соопшти дека барањата на синдикатот чинат „неприфатливи 2,4 милијарди фунти“.

Членовите на синдикатот, на кои им беше понудено зголемување од 2 до 3 отсто, последен пат штрајкуваа на почетокот на овој месец.

Инаку во текот во вчерашниот ден во Германија се одржуваше најголемиот штрајк во последните децении. Железничкиот и пристанишниот сообраќај беше речиси целосно во прекин, во многу градови штрајкува целиот јавен превоз и државни службеници.

 

 

Претходна вестЗнаеме дека се скарани, ама со нивното натегање јавниот превоз во Скопје нема да тргне никаде
Следна вестПовторно пукање во САД, убиeни три деца и тројца возрасни