Еко-патрола на „Комунална хигиена“ фати 48 лица кои трупале отпад по населбите

Вкупно 49 лица фатила Еко-патрола на скопското јавно претпријатие „Комунална хигиена“ во текот на овој месец. Ова комунално претпријатие денеска соопшти дека нивната Еко-патролата врши секојдневен надзор на дваесетина локации во сите скопски општини каде што континуирано непрописно се одлага отпад на јавни и сообраќајни површини.

-Во текот на месецот март се изготвени вкупно 48 едукативно-информативни записници за лица коишто се затекнати при неправилно одлагање градежен и кабаст отпад, се наведува во соопштението.

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во текот на вчерашниот ден спроведоа активности за чистење на внатрешноста на фонтаните лоцирани во централното градско подрачје коишто сè уште не се пуштени во употреба. Воедно, беше отстранета и обемна дива депонија лоцирана на бул. „Јане Сандански“, во скопската општина Аеродром, при што се подигнати приближно пет кубни метри кабаст и градинарски отпад.

Претходна вестЕвростат: Најбогати граѓаните на Луксембург, најсиромашни Бугарите
Следна вестНа денешен ден почна НАТО бомбардирањето на СРЈ, загинаа над 1.200 цивили, Македонија прифати 360.000 бегалци од Косово