Кинезите тврдат дека протерале американски воен брод, навлегол во кинески територијални води

Кинеската армија соопшти дека американски воен брод илегално навлегол во кинеските територијални води поточно во водите на Јужното Кинеско Море. Бродот пловел во близина на спорните острови Парацелз.

– Нашите сили постојано ќе одржуваат високо ниво на подготвеност и ќе ги преземаат сите неопходни мерки за одлучно да ги зачуваат националниот суверенитет и безбедност, како и мирот и стабилноста во Јужното Кинеско Море, се наведува во соопштениeто на Јужната команда на кинеската армија.

Кинеската армија како што е наведено во соопштението го следела и протерала американскиот воен брод „Милиус“, што илегално влегол во водите околу Парацелските Острови.

 

Претходна вестОд попишани 3.504 Бугари, само169 лица се пријавиле да гласаат на изборите во Бугарија
Следна вестИ во Владата фалат работници, ќе се увезат ли министри од Бангладеш, Пакистан, Непал…?