Од попишани 3.504 Бугари, само169 лица се пријавиле да гласаат на изборите во Бугарија

Иако на последниот попис во Македонија 3.504 лица се изјаснија како Бугари, за да гласаат на изборите во Бугарија се пријавиле само 169 лица. Најмногу пријавени има во Кавадарци, 42 лица.

Бугарското министерство за надворешни работи на својата официјална страна објави дека на претстојните предвремени парламентарни избори во Бугарија, од Македонија ќе гласаат 169 Бугари.

На официјалната страна на бугарското МНР, објавени се списоците со лица кои се пријавиле да гласаат во Македонија. Во Скопје се пријавени 15 лица, во Битола 9, во Кавадарци 42, во Прилеп 41, во Струмица 22, во Тетово 40…

Предвремените парламентарни избори во Бугарија ќе се одржат на 2-ри април.

На последниот попис спроведен во Македонија, вкупно 3.504 лица се изјасниле како Бугари.

Претходна вестВо Македонија ќе се формира првиот „Оркестар за џез музика“
Следна вестКинезите тврдат дека протерале американски воен брод, навлегол во кинески територијални води