Деветте Мaкедонци кои беа затекнати од земјотресот во Турција утрово пристигнаа во земјава

Осуммината македонски ученици и нивниот наставник кои престојуваа во загрозениот регион на Турција за време на страотниот земјотресутрово се вратени во Македониија. Сите се во добра здравствена состојба.

По првичната медицинска санација на две лица кај кои беа констатирани повреди, групата беше упатена најпрво во Анкара, а потоа во Истанбул каде беше обезбедено сместување, дополнителна медицинска нега и одмор. Денес се вратени дома,  велат од македонското МНР.

 Во Турција нема нови информации за повредени македонски државјани на кои им е потребна асистенција, сепак нашите претставништва остануваат отворени за евентуална интервенција доколку се појави потреба.

 

 

Претходна вестЛевица: Негрижата на власта носи човечки жртви – се гледаме во 14 часот пред Влада!
Следна вестМахачев: Ќе го решам Александар Волкановски во две-три рунди и ќе станам „крал“