Левица: Негрижата на власта носи човечки жртви – се гледаме во 14 часот пред Влада!

Од политичката партија Левица највија дека ќе го поддржат денешниот протест на болните од цистична фиброза закажан од 14 часот. Од партијата повикаа на масовност пред Влада со цел да се спасат нови трагични случаи во иднина.

– Сведоци сме на долгогодишната негрижа од страна на министерството за здравство, кое со децении го деградира здравјето на нашите граѓани. Дисфункционални клиники, дефицит на лекарства, терапии и лекарски кадар, а секојдневно сведочиме и на лекарски грешки, мито и корупција во здравствениот систем, се лекуваме со донации од граѓани додека деструктивната влада на СДС, ДУИ и нивните послушници профитираат со енормни финансиски криминални добивки. Најранливите здравствени категории на пациенти се оставени на работ меѓу животот и смртта, а нашиот сограѓанин Благојче ја изгуби битката со цистична фиброза, кој десет години молеше за здравствена поддршка, што Претседателот Пендаровски и му ја вети, но нажалост тоа беше само еден ПР за собирање политички поени. Недозволиво е во услови на достапен лек, пациенти да бидат жртва на немање политичка волја од власта да го зголеми буџетот – додека одбива да ги оданочи милионските профити на банките и троши буџетски средства за сопствени луксузирања, се вели во партиското соопштение на Левица.

Од Левица велат дека реагирале до надлежните ресори сѐ со цел да се одвојат финансиски средства за болните од цистична фиброза.

– Владата и министерот Сали, остана и глув и нем на тие реакции што за жал, заврши трагично за младиот Благојче. Левица го поддржува денешниот протест, закажан од 14 часот, и повикува на масовност пред Влада со цел да се спасат нови трагични случаи во иднина, истакнуваат од Левица.

Претходна вестКонгресот ги укина барањата за вакцинација против Ковид за странските патници
Следна вестДеветте Мaкедонци кои беа затекнати од земјотресот во Турција утрово пристигнаа во земјава