Темен режим Режим на светлина

Дијана Хрка хоспитализирана по десетдневен штрајк со глад пред српското Собрание

Според снимките и објавите на социјалните мрежи, Хрка пристигнала во болницата во инвалидска количка и со заштитна маска на лицето, придружувана од ветерани кои постојано ѝ даваа поддршка.

Таа штрајкува со глад пред српското Собрание од 2 ноември, барајќи надлежните институции да ги изведат пред лицето на правдата сите осомничени за трагедијата во Нови Сад, како и да бидат ослободени студентите и граѓаните кои, според неа, биле незаконски приведени.

Пред неколку дена, Хрка изјави дека ѝ била укажана медицинска помош и дека, доколку ѝ се влоши состојбата, ќе прифати инфузија, но нема да се откаже од штрајкот.

Нејзиниот протест започна еден ден по големиот комеморативен собир во Нови Сад, одржан по повод годишнината од трагичниот настан. Тогаш таа порача дека ќе продолжи со штрајкот сè додека не се исполнат нејзините барања и не се распишат вонредни парламентарни избори.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Македонските кошаркарки победнички ги стартуваа европските квалификации

Следна објава
Времето денес — мирно претпладне, пориви на ветерот попладне долж Повардарието

Времето денес сончево