ДИК одзеде акредитации на осум набљудувачи поради агитирање, ги објавија со име и презиме

49

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на 151. седница донесе одлука за одземање на акредитациите на осум домашни набљудувачи поради постапување спротивно на Изборниот законик и Кодексот за набљудување.

Агитирање во Шуто Оризари

Станува збор за домашни набљудувачи во Општина Шуто Оризари, кои биле пријавени за злоупотреба на беџовите за агитирање во училиште пред гласачките места.

Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, ги наведе имињата на лицата, меѓу кои се:

Елвис Бајрам (кандидат за градоначалник во прв круг).

Сеат Исмаил, Решад Сокол и Алмир Сали (кандидати за советници во Шуто Оризари).

Валентина Бајрам (сестра на Елвис), Шабан Бајрам, Габриел Бајрам и Ќамуран Реунаред.

Кондарко посочи дека овие лица го пречекориле Кодексот за набљудување со непристрасно однесување и вршеле агитирање. ДИК го известила и МВР за настанот, бидејќи агитирањето било надвор од гласачкото место, а ОИК во Шуто Оризари ќе биде известена да им забрани влез во објектите.

Приговори за правото на глас

ДИК расправаше и по два приговори за остварување на правото на глас, при што во двата случаи беше утврдено дека лицата се запишани во Избирачкиот список и можат да гласаат до 19 часот:

Трајче Камчев (Центар): Утврдено е дека е запишан на избирачкото место 1354, поради што приговорот е одбиен.
Ќемал Исмаилоски (Кичево): Иако приговорот стигнал по електронска пошта (што предизвика дискусија дали воопшто да се одлучува поради можна злоупотреба на податоци), ДИК утврди дека лицето е запишано во Избирачкиот список и во уредот за биометриска идентификација.
Кондарко нагласи дека досега во ниту едно избирачко место не е забележано оневозможување на остварувањето на правото на гласање.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестПолицијата уапси 9 лица, организирале борби со кучиња во битолско
Следна вестПред српското Собрание почна штрајк со глад мајка на дете загинато во падот на бетонската настрешница во Нови Сад