Дипломат од Руската амбасада во Скопје прогласен за персона нон грата

Министерството за надворешни работи прогласи дипломат на руската Амбасада во земјава за непожелна личност.

-Министерството за надворешни работи, согласно член 9 од виенската конвенција за дипломатски односи, одлучи да прогласи еден дипломат на Амбасадата на Руската Федерација за непожелна личност во земјава, стои во соопштението на МНР.

Во оваа насока, додава МНР, на 14 мај 2021 година, во просториите на Министерството за надворешни работи беше повикан Амбасадорот на Руската федерација, при што беше врачена нота со која се наложува на посочениот дипломат да ја напушти територијата на земјава во рок од седум дена.

Во соопштението од МНР нема детали за причините поради кои рускиот дипломт е прогласен за персона нон грата.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Корекција на законот за клинички центар и средба со опозицијата, па потоа деблокада
Следна вестЗа вакцинација пријавени речиси 377.000 лица, досега вакцинирани 175.620