За вакцинација пријавени речиси 377.000 лица, досега вакцинирани 175.620

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 175.620 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 7.445 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 9.721 граѓани.

Во државата вкупно се аплицирани 207.219 дози вакцини, а ревакцинирани се 31.599 граѓани. Со последните бројки 40% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина и 33% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 376.987 граѓани.

 

 

 

 

Претходна вестДипломат од Руската амбасада во Скопје прогласен за персона нон грата
Следна вестСобранието не ги изгласа предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за исти цени на лекување во јавно и приватно здравство