Собранието не ги изгласа предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за исти цени на лекување во јавно и приватно здравство

Собранието не го усвои  предлогот на група пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ со кој се предлагаше да се донесе законот за дополнување на Законот за здравствената заштита.

Дафина Стојановска најави дека откако не наишле на разбирање, ќе одат со свој предлог на закон во кој, освен изедначување на цените во јавното и во приватното здравство, бараат рефундација на средства за сите оние кои веќе имаат направено трошоци. Посочи дека има луѓе кои се останати без куќи, со големи кредити, семејства со жртви, имаат голема финансиска загуба. Бараат на позитивна листа на лекови да се стави целата терапија која им се препишува на ваквите пациенти, само додека трае пандемијата и бараат пациенти кои би се нашле на листа на чекање повеќе од 60 дена да можат да ги добијат услугите во приватно здравство, по цени како и во јавното здравство. Предлаат ПЦР-тестовите да бидат бесплатни, и во јавно и во приватно здравство.

Пратениците денеска пред утврдување на дневниот ред на 41. седница не ги усвоија предлозите на Димитар Апасиев и Борислав Крмов од Левица кои предлагаат по скратена постапка да се донесе Законот за утврдување на максималните цени за болничко лекување и за тестирање на пациенти со ковид-19 во приватните задравствени установи.

Претходна вестЗа вакцинација пријавени речиси 377.000 лица, досега вакцинирани 175.620
Следна вестЛевица: Обвинителството итно да покрене истрага за случајот со увозот на опасно масло за горење