Облаци чад и претпладнево се креваа од дивата депонија меѓу Визбегово и Шуто Оризари по поголем пожар кој избувнал вчера попладне.
Две пожарникарски возила вечера ги локализирале големите огнови за кои се претпоставува дека се намерно предзивикани од непознат потпалувач. Од полицијата нема информации дали е започната потрагата по потпалувачите, но горењето на стотици и стоици кубици на најразличен отпад и смет предизвика големо загадување во околните населби оддалечени од околу пет километри од градот.
Локалните мештани за медиумите изјавија дека ова е нов пожар кој се надоврзува на претходните.
-Главен проблем е зошто депонијата се уште постои, зошто тука и натаму се трупа сметот од секаде. Општините Шуто Оризари, Буел, Градот Скопје треба да го решат овој проблем. Вака, само ќе се трупа ѓубрето па некој ќе го запали, а ние ќе се труеме, велат револтираните жители.
Проблемот со оваа депонија е стар со години и никако да се реши. Таа е една од поголемите еколошки црни точки во градот за која надлежните се уште немаат решение.
Зошто целиот простор од околу 170.000 метри квадратни не се конкролира или затвора за да се оневозможи одлагањето на ѓубрето?