Дивите депонии никнуваат и во срцето на Аеродром, зарем не?

Дивите депони, покажуваат скопските искуства, најчесто настануваат во најблиската околина на градот. Таму каде што на несовесните граѓани им е најлесно да си го истурат отпадот за да поминат невидени и неказнети од никого. Сметаат дека таквите депонии општинарите или градските власти сепак ќе ги исчистат во рамките н повремените акции за чистење што ги преземаат. А потоа, лоакциите пак може да се полнат со отпадот…

Но, не било само така. Диви депонии, ете, може и да се најдат во самите центри на некои општини и населби. Пример за тоа е скопската општина Аеродром. Недалеку од трговскиот центар „Бисер“, односно, на само сто-двесто метри од средиштето и срцето на оваа општина, веќе со недели се труша дивата депонија. Никој не ја расчистува и таа само расне… Парадоксот да биде поголем, на само неколку метри се неколкуте контејнери коишто редовно се празнат од „Комунална хигиена“. Секако, во контејнерите не смеат да се стават гумите, клозетските шољи… каков се отпад се натрупал на ова локација. Како што тргнало, депонијата само ќе расне.

Кој сега треба да ја исчисти депонијата и да си го заштити местото? Оппштината, Градот, „Комунална хигиена“ ли? Кој и да е надлежен, брзо треба да преземе нешто оти ова е веќе загрижувачко…

Претходна вестСЗО: Новиот вид на коронавирус претставува низок ризик за здравјето на луѓето
Следна вестСлавењето на Свети Никола во Скопје помина без казни за возење под дејство на алкохол