Темен режим Режим на светлина

Славењето на Свети Никола во Скопје помина без казни за возење под дејство на алкохол

Скопските возачи, се чини, стануваат се посовесни кога се работи за одбегнување на управување на возилото под дејство на алкохолот. Барем тоа го покажува полицискиот билтен за вчерашните контроли на скопските сообраќајници. Од него се гледа дека немало изречени казни за ваков вид прекршок.

-На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 184 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 75 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, пет мерки за користење на мобилен телефон, две санкции за минување на затворен сигнал-црвено светло…, соопшти денеска полицијата за која се надеваме дека вршела и алко-тестирање на возачите.

Пофалбата за возачите треба да се зголеми и од причина што вчера се празнуваше големиот верски празник Свети Никола. Традицијата за овој празник, познато е, предвидува посни трпези но и конзумирање на алкохол – вино, ракија… Очигледно, возачите внимавале за тоа да не потпаднат под дејство на алкохол и на нудењето на алкохолот возвраќале со „Не, благодарам, возам…“. Сигурно, таквиот однос треба и да продолжи и понатаму.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Дивите депонии никнуваат и во срцето на Аеродром, зарем не?

Следна објава

Американската ФДА го одобри првиот тест за проценка дали постои ризик од зависност од опиоиди