До 31 декември трае конкурсот на издавачката куќа Темплум, за наградата „Лифт“, за македонски стрип.
-Право да конкурираат за наградата имаат сите граѓан кои ќе ни испратат сопствени досега необјавувани авторски стрипови, до 16 табли (или страници). Значи, почитувани автор(к)и, можете да ни испраќате и стрипови од една или две страници, но не повеќе од 16. „Лифт“, инаку, беше име на списанието за стрип кое излегуваше од 1996 до 2001 година, а денес е име и на угледна графичка едиција. Целта на наградата е да ги промовира и афирмира овдешните стрип автор(к)и, но и да го унапредува стрипот како (кај нас запоставен) медиум,велат од таму.
Наградниот фонд изнесува 500 евра, но во книги и стрипови. Предвидени се три награди: од 250, 150 и 100 евра. Најдобро оцененетите автори за таа сума ќе добијат изданија, по сопствен избор, на книгоиздателството „Темплум“ и на издавачот на стрипови „Бункер“.