Доктор Беќаровски опоменува: Опасна диета се шири кај скопските девојки, неколку завршиле на токсикологија

smart

Опасна диета се шири кај младите, особено кај девојките во Скопје, предупредува доктор Нико Беќаровски од Универзитетската клиника за токсикологија. Беќаровски вели дека поради оваа диета неколку девојки веќе завршиле на токсикологија.

– Една стара “диета” промовирана 1964 година, а ревидирана и популаризирана преку едно светски влијателно женско списание во 2018 година, за жал станува се попопуларна меѓу скопските тинејџерки. “Диетата” се состои од 3-5 варени јајца во текот на денот, стек навечер и конзумирање на 750 мл. црвено вино.

Повеќенеделното придржување кон оваа “диета” може да предизвика сериозни здравствени несакани ефекти и кај возрасни личности, а кај младите тинејџерки со нецелосно развиен „C450, СЕРИОЗНИ ЦРНОДРОБНИ ПОРЕМЕТУВАЊА“.

Првите вакви случаи веќе се регистрирани на УК токсикологија и УК Гастроентерохепатологија!!

Родители најдете малку време да проверите како се хранат Вашите деца, пред да биде предоцна.

Девојки спортот, пешачењето и здравата умерена исхрана се единствената вистинска диета за убав изглед, напиша Беќаровски на својот Фејсбук профил.

Претходна вестНародот не ги препознава добрите визии и работа на СДСМ и ДУИ?
Следна вестОпределен притвор за велешанецот кој прегази девојче и побегна