Определен притвор за велешанецот кој прегази девојче и побегна

Определен е триесетдневен притвор за 29годишникот од Велес кој во саботата прегази и усмрти на самото место 11годишно девојче а потоа побегна. Ова го пoтврдија за некои медиуми од Основниот суд во Велес.

Несреќата се случи во саботата околу 22 часот во Велес, кога 29 годишниот возач  на ул.„Борис Трајковски“ во Велес со патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки удри во пешаците Е.И.(43) и нејзината малолетна ќерка, по што го напушти местото.

Притоа, малолетното девојче почина на местото, а нејзината мајка се здоби со телесни повреди.

Претходна вестДоктор Беќаровски опоменува: Опасна диета се шири кај скопските девојки, неколку завршиле на токсикологија
Следна вестЛекот за фаличниот учебник по Историја и општество е во неговото повлекување