На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 196.119 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 9.711 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.211 граѓани. Во државата досега вкупно се аплицирани 232.485 дози вакцини, а ревакцинирани се 36.366 граѓани.
Со последните бројки 44% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 36% од населението над 65 години и 30 % од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 384.706 граѓани.